Wednesday, December 14, 2016

Ликовни елементи

ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ



Севкупното ликовно творештво се дели на два основни начини на изразување, без оглед на временските периоди, теми, техники и стилови. Кај едниот начин, творбата се реализира врз простор со две димензии (висина и должина), а кај вториот, во простор со три димензии (висина, должина и ширина).Основно средство за ликовно изразување се осумте ликовни елементи:
1.      Линија;
2.      Насока;
3.      Големина;
4.      Текстура;
5.      Форма;
6.      Боја;
7.      Тон;
8.      Простор.

Првите седум елементи служат за дводимензионален израз (сликарство, графика, мозаик, фреско, витраж, таписерија...), а сите осум за тродимензионален израз (скулптура, архитектура, керамика). Дизајнот може да биде третиран дво- и тридимензионално.

Секој ликовен елемент по својата природа има специфичен, чисто ликовен квалитет или своја сопствена ликовна вредност, без оглед дали презентира предмети од видливата реалност. Така на пример, сината боја, жолтата, црвената или некоја нивна нијанса, секоја посебно претставува одделна ликовна реалност, и како таква го изразува она што е таа како боја. Исто е и со линијата. Правата вертикално насочена линија, изразува едно, а истата права насочена хоризонтално претставува друго. Групата светли тонови не го изразува истото што го изразува групата темни тонови.Истото се случува  и со разните големини, текстури и другите ликовни елементи. Секој ликовен елемент, секоја негова варијанта или комбинација со друг ликовен елемент, дава друга ликовна содржина, претставува друга ликовна реалност. Говорот со ликовните елементи го нарекуваме ликовен јазик. Тој е специфичен и со него можат да се искажат содржини што не можат да се искажат со никои други средства.

Друга, не помалку значајна карактеристика на ликовните елементи е што тие, а преку нив и ликовниот уметник, комуницираат со гледачот првенствено преку неговите чувства. На тој начин, меѓу нив се воспоставува непосреден, директен контакт. Ова значи дека уметникот своите чувства може да ги изрази непосредно преку ликовните елементи, без да се служи со подсредство на опис или со претставување на предметниот свет.

Благодарение на инвентивната и креативната моќ на уметникот, со осумте ликовни елементи и нивните безбројни комбинации се создадени сите уметнички творби, од кој и да било вид. Ликовните елементи се универзални и вечни и како такви служеле и служат за естетска и други видови комуникации меѓу луѓето и меѓу цивилизациите во сите историски епохи. Во текстот што следи ќе се обидеме да одговориме на прашањата сврзани за ликовните елементи, нивната природа, карактеристики, функции и примена.


Линија

Линијата е насекаде околу нас: во природата, во предметите, во уметничките творби. Ја наоѓаме во гранките на оголените дрвја, во стеблата, корените, во контурите на лисјата, цветовите, тревките, во нивните жили, во контурите на планините, облаците, зградите, оградите, во разните конструкции и столбови, во жиците, патиштата, реките, живите суштества и друго.
Човекот не ја забележува секогаш убавината на линијата, зашто таа често е придушена од сопствената форма и боја, особено во оние случаи кога овие два елемента, посебно бојата, се поинтензивни. Но, ако тие се апстрахираат, се открива изразитоста и убавината на линиите, кои често се толку чудесно комбинирани во карактеристични органски целини, што човечката фантазија не е во состојба да ги созададе.


Насока
Насоката е визуелна сила што се јавува во линијата, фигурата или масата и го води окото и вниманието на гледачот. Насоката на тој начин претставува и движење. Таа може да биде вертикална, хоризонтална и коса. Вертикалната насока е, главна, само една, хоризонталната исто така, а коси насоки има многу.

Големина

Големината е мерлив ликовен елемент што не оди никогаш сам. Тој секогаш е придружен барем од уште два и повеќе елементи. Макар и најкусата линија, има некоја големина изразена во должина и висина. Површините што го исполнуваат еден тон или боја, имаат почеток и крај, односно големина. Текстурите било да се ситни или крупни имаат големина и формите без оглед дали се дво - или тридимензионални секогаш имаат големина.


Текстура

Текстура е површина на секоја природна и вештачка материја. Таа е ликовен елемент кој може да се види и да се осети со допир. Според тоа како настанува, има:
·         Природни;
·         Вештачки;
·         Имитации на текстури.
Природни текстури имаат корите на дрвјата, лисјата, плодовите, каменот, песокот и сес друго што е од природно потекло.
Вештачки текстури имаат сите површини на материјалите што се произведени од човекот, како производи од дрво, метал, пластика, китови, бои, хартии и друго.
Имитацијата на текстурата, за разлика од природната и вештачката нема такстилно својство затоа што не е вистинска.



Слика 1.Текстура со линии


Тон

Тон е степен на светлина или количина на светлина во една боја, без оглед дали таа е хроматска или ахроматска.Тоновите се изразуваат со скала од најсветол до најтемен тон, од бела до црна боја. Со мешање на белата и црната боја се добива тонска скала од 5, 10, 30 и повеќе сиви тонови, при што средниот се нарекува неутрална сила.

Од оваа скала  се гледа дека секои 3 до 4 блиски тонови се слични по интензитет а оддалечените се различни. Блиските тонови ги нарекуваме хармонични по сличност, а далечните контрастни.Секој тон е посветол покрај потемниот и потемен покрај посветлиот, а видливоста на тоновите е толку појасна, колку што е поголема разликата меѓу нив.



                                                                Слика 2. Тонска скала                                                            




                                                     Слика 3. Тон во ликовна творба


Простор

Просторот е се она до каде што допира окото пред нас и мислата во недоглед.
Тој може да биде:
·         Отворен;
·         Делумно отворен;
·         Сосема затворен.
Просторот, иако навидум е празен, инертен, безвидлив отпор, секому податлив, фактички е активен ликовен елемент. Тој се вклучува во уметничката творба, помага, но може да делува и спротивно ако не се најде нужниот сооднос помеѓу него и објектот.

Архитектурата е најтесно поврзана со просторот, таа се раѓа од него, зазема дел од него, живее со и од него, заедно прават една целина.
Има 2 вида на простор:
·         Позитивен – простор што го зафаќа масата на самата форма (зграда, тело, скулптура) и е рамен на нејзиниот волумен;
·         Негативен – простор што ја опкружува масата и се наоѓа непосредно околу неа.



Перспектива

Најпрецизен и најефикасен метод за пренесување на тридимензионални предмети и простор врз дводимензионална површина е перспектива.Предметите околу нас никогаш не можеме да ги видиме точно такви какви што се. Тоа се должи на феноменот на перспективата. Железничката пруга, автопатот, реката, односно паралелните линии кои се оддалечуваат од нас, толку повеќе се стеснуваат.Приказот што го дава перспективата е само илузија на трета димензија и длабина во просторот.




2 comments:

  1. How to get to Emperor Casino in Thurs Casino - Shootercasino
    › › Sports Casino › › Sports 인카지노 Casino › Sports Casino choegocasino This online casino is dedicated to the 제왕카지노 following: The most popular games are Slots, Roulette, Blackjack, Baccarat, Poker, Texas hold'em,

    ReplyDelete
  2. Top 15 Casinos Near Washington, DC - Mapyro
    Best Casinos Near Washington, D.C. 양산 출장마사지 Casinos with 파주 출장안마 Nearby Casinos. 김천 출장안마 Find where 밀양 출장샵 everything is located with the 경상북도 출장마사지 Mapyro app.

    ReplyDelete